ВИДЕО – Сугарески: Бесплатни оброци, униформи и едукативни екскурзии за учениците

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска, на Меѓународниот ден на учителите, 5 Октомври, ја изразувам мојата неизмерна почит кон сите оние кои ја извршуваат оваа благородната професија. Учителите, наставниците, професорите, се оние личности кои го пренесуваат знаењето, го помагаат формирањето на здравиот карактер и го поттикнуваат најдоброто во секој ученик. Истакна на денешната прес конференција, Горан Сугарески, кандидат за градоначалник за Прилеп од редовите на СДСМ.

„Во таа насока, покрај моите заложби за модернизирање на условите за настава и поставување на високи кадровски стандарди за спроведување на образовниот процес, силен фокус ставаме на учениците и на нивните потреби.

Се обврзуваме дека ќе воведеме бесплатен оброк за учениците, проект со кој ќе бидат опфатени сите деца од основните училишта од градот.

Преземам обврска и тоа дека како градоначалник ќе воведам бесплатни униформи за сите ученици од основното и средното образование во Прилеп.Родителите никогаш повеќе нема да плаќаат ниту еден денар за униформи.

Нема да дозволам училиштата да бидат места каде се создаваат, или во кои до израз доаѓаат класни разлики помеѓу учениците.

Дополнителнои во правец на тоа, еднодневните екскурзии за основците и средношколците, кои се од едукативен карактер и кои се одвиваат на територијата на нашата држава, ќе бидат целосно бесплатни. Ќе бидат на терет на буџетот, а не на родителите.

Ве уверувам дека ќе направам се’ што е во рамки и надлежност на општината, училиштата да бидат институции каде учениците се чувствуваат рамноправни и еднакви, меставо кои се негува и поттикнува солидарноста.

Јас силно верувам дека најдоброто за учениците, е најдоброто за Прилеп“, рече Сугарески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи