Владата ги усвои предлог-законите за патни исправи, за лични карти и матичен број

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Утврдени се текстовите на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личното име, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Северна Македонија, и на Предлог-законот за дополнување на Законот за матичен број, коишто се во надлежност на Министерство за внатрешни работи, соопштија од Влада, по денешната 109-та редовна седница.

Станува збор за закони кои се дел од националното законодавство во кои ќе се имплементираат предвидените процеси за дигитализација во пракса, потребна е истовремена и координирана измена на повеќе прописи.

„Со предвидените измени и дополнувања ќе се изврши и хармонизација со Поглавје 10 на Европската Унија, што претставува основа за почеток на дигитализација во нашата држава и целосна имплементација на концептот е-Влада, на начин што обезбедуваат меѓусебна комуникација на институциите со бизнис секторот и со граѓаните“, наведоа од Влада.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи