Заев не ги прифати оставките од Филипче и Хасани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот трагично го загубија 14 лица.

„Внимателно ги прочитав наодите на истражителите од вештачењето кои беа објавени денеска. Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорноста кај Филипче и Хасани кои од морални причини поднесоа оставки од функциите. Нема причини да се лоцира за политичка или моралност одговорност кај министрите. За евентуалните грешки, ќе се произнесат надлежните органи. Нема да дозволам политизирање на трагедијата во тетовската болница. Ние политичарите не смееме да го толкуваме извештајот на вештите лица. Откриена е причината за пожарот и таа јавно објавена. Дадов насоки до МЗ да се направат контроли во сите болници. Доколку има човечка одговорност тоа е на кривичните органи, рече Заев, посочувајќи дека оставките биле од морална одговорност“, рече Заев на прес-конференцијата пред Владата.

Заев кажа доколку се утврдат евентуални грешки од човечки фактор, тогаш надлежни се органите кои го истражуваат случајот.

„Ако е човечка одговорност, како зошто е донесен продолжен кабел или полнач за мобилен, тоа нека го нотираат и кажат истражните органи. Не сум стручен да кажам дали требало да има друг вид на приклучок во модуларна или привремена болница. Модуларните болници се направени како привремено решение за да не ни се случи италијанско сценарио односно сите луѓе да бидат прифатени во болница“, вели Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи