Пристигнаа уште 97 Авганистанци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот.

Денеска на Скопскиот аеродром пристигнаа уште 97 граѓани од Авганистан. Тие ќе бидат привремено сместени во Македонија додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, соопштуваат од Владата.

Како што информираат, трошоците за оваа група ќе бидат целосно покриени од Националниот демократски институт за меѓународни работи.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура, безбедносна проверка и заштита, ПЦР тест и можност за вакцина, а беше обезбедена и медицинска поддршка како и неопходната помош од Црвениот крст.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи