ВИДЕО – Сугарески : Kомплетно доуредување на Градската река

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Паралелно со изградбата на планираните проекти од инфраструктурен карактер, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата, подеднакво внимание посветуваат и на заштитата на животната средина. Во таа насока се нашите заложби за доизградба и комплетно уредување на Градска река, во деловите каде тоа досега не е направено. Истакна на денешната прес конференција Горан Сугарески, кандидат за градоначалник на Прилеп од СДСМ и Коалицијата.

„Ново минор и мајор корито ќе се гради на потегот од печатницата „Слово“, до вкрстувањето на речното корито со улицата „Јоска Јорданоски“, каде е предвидена изградба на мост за моторни возила. 

Проекот за уредување на коритото на Градска река го опфаќа и делот од населбата „Димо Наредникот“, до населбата „Сточен пазар“.

Она што треба да се потенцира, е дека покрај инфраструктурното уредување на речното корито, во тек е изградбата на новиот Кеј „1.Мај“, од мостот во „Димо Наредникот“, до новиот мост на улицата „Трајко Николоски“, во должина од 650 метри.

На тој начин, овој долго запоставуван дел од градот конечно ќе добие урбан лик, со што ќе биде реализирано долгогодишното барање на жителите на „Бончејца“, но и на останатите населби од градот по течението на Градска река.

Исто така, решение имаме и за Дабнички канал. Го решаваме проблемот со делумно изграденото речно корито, кое ќе биде целосно исчистено од дивата неурбанизирана вегетација.

Заедно со јавните комунални претпријатија, ставаме ред во нерегулираните фекални приклучоци кои заедно со фрлањето отпад во реката, претставуваат потенцијална опасност од ширење на зараза.

После уредувањето на речното корито, во втората фаза следува изградба на заштитен ѕид на кејот, кој ќе биде хортикултурно уреден со урбана опрема, канделабри и содржини корисни за локалното население.  

Остануваме посветени на заштитата на животната средина, ја продолжуваме бескомпромисната борба за чиста и здрава околина. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата, го нудат најдоброто за општина Прилеп!“, вели Суагрески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи