Стојаноска: После 17 октомври ќе продолжи успешната соработка со граѓанскиот сектор која ќе биде во фокусот на Општина Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Успешната соработка со граѓанскиот сектор, после победата на 17 октомври, ќе биде повторно во фокусот на работењето на новата локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Истакнаа денеска на прес конференција Стефанија Стојаноска, кандидат за советник за Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата.

Со цел одржлив граѓански сектор ќе обезбедиме транспарентна постапка за доделување на средства за проекти, и средства за програмското работење од буџетот на ЛС за здруженија на граѓани која вклучува:

  • Измена на Правилникот за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства на Буџетот на Општина Прилеп, (Сл.Гласник на општина Прилеп бр. 4/2009) со активно вклучување на претставници на граѓанските организации;
  • Формирање на комисија со учество на претставници на граѓански организации избрани со јавен повик.
  • Обезбедување на средства за ко-финансирање на проекти на граѓанските организации кои спроведуваат проекти кои се од интерес на граѓаните од општината.

 

Граѓанскиот сектор ќе биде чинител на социјално-економскиот развој. За таа цел предвидуваме:

– Формирање на Локален економско-социјален совет со поддршка од граѓанските организации, синдикатите и работодавачите на локално ниво.

  • Промовирање и поттикнување на добри практики за соработка со граѓанските организации на локално ниво.
  • Отварање и менџирање на Младински центар во Прилеп
  • Промовирање на здрави спортски навики.
  • Поддршка на еколошките здруженија преку јакнење на еколошката свест и заштита на животната средина
  • Подршка на здруженија на граѓани кои работат во полето на новонастанатата ситуација со ковид 19.
  • Превенција на преносливост од КОВИД 19.
  • Помагање во процесот на повторно враќање во социо – економскиот живот на лица во пост-ковид перидот.
  • Поттикнување на волонтерсво, едукативни излагања на волонтери за превенција од ковид 19 и други заразни и преносливи болести.

Почитувани, Граѓанскиот сектор ќе биде партнер во работењето на новата локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Заедно ќе реализираме проекти и ќе извојуваме победа, победа за Прилеп и прилепчани. Заедно, со поддршка на бр.7, Борче Јовчески за градоначалник на Прилеп и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи