Сугарески: Најдоброто за Прилеп е програма од граѓаните за граѓаните

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Наш гостин во ова издание на Инфо Регион е Горан Сугарески, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ и Коалицијата. Во однос на тоа како тече кампањата Сугарески најголемата забелешка кон своите против кандидати ја има кон неучеството на телевизиските дебати на Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата.

Вели дека главниот мотив да се кандидира за градоначалник на Прилеп било поради тоа што многу го сакал градот и сакал целото свое долгогодишно искуство кои го имал како пратеник, министер и функционер на повеќе позиции да го искористи за просперитет и напредок на Прилеп.

Сугарески вели дека 4 годишното владеење на СДСМ можеби не е совршено, но било драстично поразлично во однос на 12-те години кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, особено во делот на слободата на говорот и практицирањето на демократијата.

Признава дека најголемата болка на бизнис секторот е неиздавањето на градежни дозволи и неможноста за раст на компаниите, токму затоа своето искуство ќе го искористел за донесување на што е можно побрзо ГУП за Прилеп и повеќе Детални урбанистички планови, што пак ќе овозможи изградба на нови економски капацитети и отворање на нови работни места.

Убеден е дека експресниот пат Прилеп –Градско ќе биде изграден во пропишаниот рок, 2023 година, а од идната година требало да започне и изградбата на секундарната гасификациона мрежа за Прилеп.

Уредување на влезовите на градот, булеварски решенија на главните сообраќајници, реконструкција и изградба на патната инфраструктура и нови паркинг места, кружен тек кај новата автобуска станица, уредување на Градска река-Дабнички канал и изградба на Семеен парк Прилеп –зелена оаза за релаксација и рекреација во околината на Топташ се едни од покапиталните проекти кои ги ветува за Прилеп.

Вели дека не сите проекти ќе бидат остварени со пари од буџетот на општината, тука била поддршката од државата и можноста за аплицирање до разни европски фондови.

Ветува обиколници околу Прилеп, решавање на проблемот со Универзална сала и салата Партизан, изградба на Младински Културен Центар, доизградба на градинката во Точила и повеќе проекти во образовниот систем.

Со Сугарески поразговараме и околу тоа како општината може да помогне за заштита на културно историските споменици како Трескавец, манастирот Св. Никола во Мариово, Могила на Непобедените кои се наоѓаат во лоша состојба, а вети и дека ќе се заложи со сите можности кои му се на располагање за стопирање на масовното дрвокрадство во прилепско.

Повеќе погледнете во интервјуто.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи