Јовчески: Горд сум да ви претставам дел од носечките проекти во полето на социјална заштита

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Пресконференција на д-р Борче Јовчески, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп.

„Почитувани сограѓани,

Со гордост сакам да ви претставам дел од носечките проекти во полето на социјалната заштита, затоа што свесни сме сите, колку малку се направи на ова поле во изминативе години за време на владеењето на СДСМ.

Покрај изградбата и доизградбата на нови детски градинки, како и планираните адаптации на постоечки објекти, чиј вкупен капацитет ќе биде 500 деца, ние ќе се погрижиме за сите категории на граѓани, а не само за најмладите.

За постарите сограѓани, планирани се:

  • Поддршка за изградба на нови приватни старски домови;
  • Изработка на техничка документација за реконструкција и проширување на старскиот дом „Киро Крстески – Платник“, како и реконструкција на истиот и опремување во соработка со Министерство за труд и социјала;
  • Давање бесплатни услуги на стари, изнемоштени и болни лица. Вклучени ќе бидат волонтери кои ќе се грижат за околу 100 стари и изнемоштени лица кои воопшто немаат кој да се грижи за нив. Целта на волонтерите е да ги посетуваат овие лица 3 пати неделно, да им купуваат намирници, лекови, да им плаќаат сметки, да поразговараат со нив. Овој проект ќе го реализира Домот за стари лица „Киро Крстески– Платник“ Прилеп, а ќе биде поддржан и финансиран од Општина Прилеп;

Во нашата програма предвидовме и проекти за:

  • Овозможување на подобри услови за работа и функционирање во Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“, како и зголемување на кадарот на стручни вработени кои работат со тие деца;
  • Обезбедување на униформа од страна на општината на децата од социјално загрозени семејства;
  • Субвенционирање на помагала на лица со хендикеп и посебни потреби;
  • Обезбедување на услови за движење на лицата со хендикеп во јавните институции кои се во надлежност на локалната самоупра-ва;
  • Бесплатен градски превоз за сите средношколци и пензионери со минимална пензија;
  • Доделување на еднократна парична помош во висина од 6.000 ден. на секое семејство за новородено дете во општината.

Почитувани, во наредните 4 години ќе направам се за да ги спроведеме сите инклузивни потези кои ќе овозможат Прилеп да биде достапен град за сите граѓани со попреченост.

1.Општината ќе организира обуки за секој што сака (не принудно) да научи елементарно ниво на македонски знаковен јазик.

2. Веб страната на општина Прилеп во моментов се уште не е достапен за глуви, слепи и други лица. Ќе ги прилагодиме информациите за општината,нејзините активности во аудио формат за слепи, знаковен за глуви.

3. Сите поголеми манифестации ќе бидат достапни за лица со попреченост.

4. Ќе се погрижам за младинците со попреченост кои живеат во Прилеп и околината да бидат активни чинители во општествениот живот.

Повеќе сме од сигурни дека на поголем дел од граѓаните, се што погоре е наведено им е и повеќе од неопходно. Затоа, јас и мојот тим, ќе се погрижиме, да помогнеме секаде онаму каде што е потребно.

Граѓаните на Прилеп заслужуваат Оптшината да се грижи за нив!“

 

Почитувани сограѓани,
Со гордост сакам да ви претставам дел од носечките проекти во полето на социјалната заштита, затоа што свесни сме сите, колку малку се направи на ова поле во изминативе години за време на владеењето на СДСМ.
Покрај изградбата и доизградбата на нови детски градинки, како и планираните адаптации на постоечки објекти, чиј вкупен капацитет ќе биде 500 деца, ние ќе се погрижиме за сите категории на граѓани, а не само за најмладите.
За постарите сограѓани, планирани се:
• Подрршка за изградба на нови приватни старски домови;
• Изработка на техничка документација за реконструкција и проширување на старскиот дом „Киро Крстески – Платник“, како и реконструкција на истиот и опремување во соработка со Министерство за труд и социјала;
• Давање бесплатни услуги на стари, изнемоштени и болни лица. Вклучени ќе бидат волонтери кои ќе се грижат за околу 100 стари и изнемоштени лица кои воопшто немаат кој да се грижи за нив. Целта на волонтерите е да ги посетуваат овие лица 3 пати неделно, да им купуваат намирници, лекови, да им плаќаат сметки, да поразговараат со нив. Овој проект ќе го реализира Домот за стари лица „Киро Крстески– Платник“ Прилеп, а ќе биде поддржан и финансиран од Општина Прилеп;
Во нашата програма предвидовме и проекти за:
• Овозможување на подобри услови за работа и функционирање во Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“, како и зголемување на кадарот на стручни вработени кои работат со тие деца;
• Обезбедување на униформа од страна на општината на децата од социјално загрозени семејства;
• Субвенционирање на помагала на лица со хендикеп и посебни потреби;
• Обезбедување на услови за движење на лицата со хендикеп во јавните институции кои се во надлежност на локалната самоупра-ва;
• Бесплатен градски превоз за сите средношколци и пензионери со минимална пензија;
• Доделување на еднократна парична помош во висина од 6.000 ден. на секое семејство за новородено дете во општината.
Почитувани, во наредните 4 години ќе направам се за да ги спроведеме сите инклузивни потези кои ќе овозможат Прилеп да биде достапен град за сите граѓани со попреченост.
1.Општината ќе организира обуки за секој што сака (не принудно) да научи елементарно ниво на Македонски знаковен јазик.
2. Веб страната на општина Прилеп во моментов се уште не е достапен за глуви,слепи и други лица. Ќе ги прилагодиме информациите за општината,нејзините активности во аудио формат за слепи,знаковен за глуви.
3. Сите поголеми манифестации ќе бидат достапни за лица со попреченост.
4. Ќе се погрижам за младинците со попреченост кои живеат во Прилеп и околината да бидат активни чинители во општествениот живот.
Повеќе сме од сигурни дека на поголем дел од граѓаните, се што погоре е наведено им е и повеќе од неопходно. Затоа, јас и мојот тим, ќе се погрижиме, да помогнеме секаде онаму каде што е потребно.
Граѓаните на Прилеп заслужуваат Оптшината да се грижи за нив!

Posted by Борче Јовчески on Wednesday, 6 October 2021

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи