АВМУ: Забрането е да се емитува платено политичко рекламирање со малолетници

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (ААВМУ) потсетува дека е забрането емитување платено политичко рекламирање (ППР) со малолетници, откако такво нешто констатирале од страна на повеќе телевизии со мониторингот на изборното медиумско претставување за претстојните Локални избори.

Во соопштение ААВМУ денеска ги посочи одговорностите и на учесникот во изборната кампања и радиодифузерите.

„Согласно Изборниот законик учесникот во изборната кампања е одговорен за содржината на огласите, соопштенијата, рекламите и другиот снимен материјал чиј нарачател се, но одговорност имаат и радиодифузерите имајќи го предвид член 76 став 3 од Изборниот законик во кој изричито е пропишано дека не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање“, информираат од АВМУ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи