Арената за Македонија – Германија се распродаде за 4 дена

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Фудбалската федерација на Македонија информира дека сите влезници кои беа пуштени во продажба за мечот со Германија се проддени.

„Билетите за натпреварот Македонија – Германија од квалификациите за Светското првенство 2022. се распродадени.

 Натпреварот ќе се одигра на 11. октомври на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.

 Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот партнер за продажба на билети, MKTickets пушти во продажба половина од капацитетот на Националната арена колку што дозволуваат здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

 Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и навивачи на македонската репрезентација да ги почитуваат препораките за заштита од вирусот и со фер и коректно навивање да бидат поддршка за Македонија да дојде до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за СП“, стои во соопштението на ФФМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи