ВИДЕО – Грашеска Илиеска: Предвидуваме замена на старите фасади на зградите во градот со нови енергетско-ефикасни

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Заштитата на животната средина е наш императив и тоа го потврдуваме со серијата на мерки, кои ќе ги спроведеме во следните 4 години, изјави на денешната прес конференција носителот на советничката листа за Прилеп на СДСМ и Коалицијата: Моника Грашеска-Илиеска.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Свесни сме дека голем број на објекти во нашата општина, се’ уште имаат низок степен на енергетска ефикасност. Тоа важи за многу индустриски, државни и општински објекти, но најголем дел се објекти за колективно и индивидуално домување.

Знаеме дека постојните, дотраени фасади, се причина за зголемена потрошувачка на енергенсите за греење, што пак директно придонесува за зголемување на загадувањето на животната средина.

Имајќи го предвид сето тоа, предвидуваме замена на старите фасади на станбените згради од сите делови на градот, со нови енергетско-ефикасни.

За исполнување на таа цел, во рамки на секоја буџетска година, со одлука на Советот на општина Прилеп, ќе се издвојуваат неопходните средства за тековно уредување на надворешниот дел од колективните станбени единици.

На тој начин, придонесуваме за почист воздух и здрава животна средина за сите, како и за значителна заштеда на средства во домашниот буџет на граѓаните кои живеат во колективните згради.

Почитувани, продолжуваме силно напред кон реализација на најдобрите проекти за граѓаните.

Гласот за бројот 12, е влог во здрава животна средина и повисок животен стандард. Тоа е глас за најдоброто за нашиот Прилеп“, рече Грашеска-Илиеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи