Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици ќе слави 75 години од основањето

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици е првата наставно-научна институционална единица во рамките на Филозофскиот факултет, основана во 1946 година, под називот Катедра за јужнословенски јазици, со посебен Семинар за македонски јазик.

Катедрата има основоположничка улога во создавањето на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Од основањето до денес својата наставна дејност Катедрата ја врши, пред сè, преку Групата за македонски јазик.

Филолошкиот факултет ги поканува сите дипломирани и сегашни студенти на свечен час во аулата на факултетот за заедно да се одбележат јубилејни 75 години од основањето на катедрата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи