Маричиќ: И во услови на блокада Македонија продолжува со реформи на сите полиња

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонија ги направи сите реформи потребни за почеток на преговорите со Европската Унија, но сепак сè уште нема одлука за нивен почеток, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање на „Тирана Конективити Форум 2021“.

„И во услови на блокада Македонија продолжува со реформи на сите полиња. За да се задржи фокусот на европската агенда, Владата направи план наречен „Европа дома“ и се однесува на спроведување на реформи во повеќе области. Фокусот е на правосудството, каде што во моментов се спроведуваат повеќе реформи. Стравувањата се дека со отсуството на чиста европска перспектива во Западен Балкан се остава простор други сили да се обидат да го постават посилно своето влијание на регионот“, потенцираше Маричиќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи