Претрес во Прилеп, одземени повеќе оружја (пиштол, ловен карабин, ловна пушка, полуавтоматска пушка) и муниција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска (07.10.2021) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Т.(43) од Прилеп.

При претрес, извршен со судска наредба, во домот на Р.Т. на ул. „Круме Спиркоски“ во Прилеп, биле пронајдени и одземени: еден пиштол „Екол“ модел „Туна“ калибар 8 мм, еден ловен карабин М 98 кал.7,9 мм, една ловна пушка пумпарица модел 586, една полуавтоматска пушка М 59 7,62 мм, 4 парчиња куршуми калибар 6,35, 81 парче куршуми 7, 62 х39 и 35 парчиња куршуми 7,9 х57.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи