Стеваноски: Mојата програма не е заснована на ѕидови туку на суштински системски решенија, на граѓаните им е смачено од лажни ветувања

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во ова издание на Инфо Регион наш соговорник е Жарко Стеваноски, независен кандидат за градоначалник за Прилеп. Со него поразговаравме околу тоа зошто тој излезе од СДСМ и зошто поднесе кандидатура за независен кандидат за градоначалник. Кој беше тој пресуден момент што ја прели чашата?

За како што вели украдениот слоган од СДСМ на неговата програма, за тоа кој требаше и дали некој воопшто си лежеше и каде одлежа. Стеваноски одговори и на прашањето дали ако стане градоначалник ќе ја исчисти зградата на локалната самоуправа.

Обвинува дека врз ченството од СДСМ се врши притисок да не гласа за него и со тоа става знам еднакво помеѓу тогашниот режим против кого се бореше и сегашното функцинионирање кое исто така го нарекува режим. Доказниот материјал што го имал ќе го процесуирал до ОБСЕ и пред граѓаните.

Вели дека на граѓаните им е смачено од лажни ветувања, неговата програма нудела реални можности врз на основа на буџетот на општината и не се засновала на ѕидови, туку на суштински системски решенија.

Вели дека кампањата која се води воопшто не е фер и демократска и дека џабе се потпишувал Кодексот за фер и демократски избори.

Професионална селекција и одговорна јавна администрација, јавност во работата на Советот на Општината, реорганизација на јавните претпријатија, се само дел од неговите топ проекти.

Планира купување на возила за зимско одржување на патиштата, а со заштедените пари за тоа да се изгради фабрика за селекција на отпад кај депонијата Алинци.

Отворањето на Младинскиот Културен Центар вели дека нема да бидат нови ѕидови туку младински активизам во веќе постиоечката инфраструктура во општината.

За тоа дали ќе се справи со дрвната мафија, што мисли за гасификацијата, дали некогаш ќе ја имаме, за поддршката на спортот и културата.

Многу повеќе погледнете во интервјуто.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи