Трошоците на живот во септември зголемени за 3.7 % , цените на мало за 5.6 %

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Индексот на трошоците на живот во септември годинава, во споредба со истиот период минатата година се зголемени за 3.7%, додека цените на мало бележат зголемување од 5.6%, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.5 %, пивото за 0.7%, рибата и морските плодови за 0.4 %, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0.2 %.

„Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај медиумите за снимање за 3.1 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 2.9 %, гасот за домаќинствата за 2.2 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.3 %, цврстите горива за домаќинствата за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.8 %, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0.7 %“, стои  во соопштението на ДЗС.

Во меѓувреме, забележано е намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2021 година кај свежото и разладеното овошје за 4.4% и млекото за 0.3%.

„Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9.4 %, туристичките пакет-аранжмани за 9.3 %, услугите за сместување за 3.3 %, книгите за 1.2 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, електричните апарати за лична хигиена за 0.5 %, обувките за 0.3% и моторните возила за 0.2 %“, се додава во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи