Уште девет дена кампања за Локалните избори, еве кои се ставовите на партиите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Кампањата за претстојните локални избори завршува на 15 октомври на полноќ, со што на политичките партии и кандидатите за градоначалници и советници им преостануваат уште девет дена да ја претстават својата програма пред граѓаните.

За претседателот на СДСМ Зоран Заев изминатите четири години истовремено државата се развиваше дома и тргна по вистинскиот евроатлантски пат. Според него, нашата иднина е во ЕУ и за тоа нема алтернатива. Тој најави дека од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра.

Лидерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази загриженост околу пораките кои стигнаа од Европската унија и тој смета дека нема ЕУ со СДСМ, бидејќи, како што кажа, тие се длабоко навлезени во криминал и корупција.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера на централниот митинг во Општина Боговиње ја претставија програмата која се нуди пред гласачите. На митингот присуствуваше и дел од партиското раководство предводени од претседалот на ДУИ Али Ахмети.

Претседателот на Левица Димитар Апасиев кој вчера заедно со пратеникот Борислав Крмов присуствуваше на отворањето на канцеларијата на партијата во Делчево, потенцираше дека Левица на локалните избори има 40 листи и осум кандидати за градоначалници, а рејтингот од последните Парламентарни избори, како што рече, е двојно зголемен. Според него, тоа им дава право да очекуваат од 50 до 60 советници на претстојните Локални избори.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи