Јовчески: Доста не лажевте, победуваме!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Почитувани мои прилепчани, веќе навлегуваме во последните денови од оваа кампања, стои во обраќањето на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Борче Јовчески на социјалната мрежа Фејсбук.

Обраќањето го пренесуваме во целост.

„Остварив средба со неколку илјади сограѓани од сите целни групи… и еден е заклучокот: ПОБЕДУВАМЕ!

ПОБЕДУВАМЕ и тоа убедливо… пораките од стопанствениците, наставниците, социјалните, здравствени, културните работници, спортистите и НЕВРАБОТЕНИТЕ (а, излажани последните четири години) е : ДОСТА НÈ ЛАЖЕВТЕ!

Дури се случувало во една фамилија последниве неколку 10 дена да се ветуваат и по пет вработувања. ( Заборавајќи дека во нив има и малолетни).

Можеби тоа го прават во паника, знаејќи ги резултатите од анкетите и од нивните посети по Вашите домови… ?!

За разлика од нив, моето ветување кон сите беше едноставно: Прилеп ќе биде повторно одлично место за живеење, во кое стопанството ќе се развива нормално без притисоци, ДУП-овите ќе се носат без ,,притисок” од некои профитери, а мојата канцеларија нема да е само од тесен круг на луѓе, туку од сите ВАС!

Мојата победа ќе е и Ваша победа“, стои во обраќањето на Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи