14 новозаразени од корона во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.974 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 187, Куманово – 34, Велес – 30, Штип – 21, Прилеп – 14, Охрид и Струмица – по 11, Крива Паланка – 10, Тетово и Кичево – по 8, Битола, Кавадарци и Пробиштип – по 7, Кочани – 6, Виница – 5, Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Кратово – 2, Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 397 оздравени пациенти од: Скопје – 195, Куманово – 44, Велес – 20, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Штип – 13, Кочани – 11, Битола и Охрид –  по 10, Кичево и Крива Паланка –  по 7, Кратово – 6, Тетово и Радовиш – по 5, Виница и Валандово – по 4, Струмица, Делчево и Пробиштип – по 3, Струга, Гевгелија и Неготино – по 2, Гостивар, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 20 лица: 9 починати лица од Скопје (52г,54г, 54г,69г,75г,80г ,81г,82г и 84г),  по 2 починати лица од Куманово (82г и 86г), Струга(56г и 68г) и Велес (69г и 76г), и по едно починато лице од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Направени се 2.974 тестови преку: ИЈЗ-261, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-40, ЦЈЗ Тетово–45, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–178, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-123, Биотек-163, Систина-64, лабораторија Лаор-80, Синлаб-7, Ремедика-15, Плодност–24, Генеа-7, Никоб лаб-380, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-67, Ројал Медика –13, Спектра-ММ-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.208.

Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846 бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи