ВИДЕО – Сугарески: Градиме Семеен парк во Прилеп, еден од најубавите спортско-рекреативни центри во државата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Прилеп располага со одлични природни ресурси, кои можат да бидат ставени во функција на развој на алтернативниот туризам и здравите животни навики. За остварување на таа цел, на локацијата помеѓу месноста Шаторов камен и Топташ, ќе го реализираме проектот „Семеен парк Прилеп“, за кој со гордост можам да истакнам дека ќе биде еден од најубавите мултинаменски спортско-рекреативни центри во државата. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески.

„Семејниот парк Прилеп, кој ќе се простира на површина од 1 милион метри квадратни, што е површина од околу 15 фудбалски стадиони, ќе нуди широк спектар на спортски, рекреативни и забавни содржи, заради што ќе прерасне во посакувана дестинација за сите генерации на граѓани од општината и државата.

Патеки за пешачење, велосипедска патека, летниковци, амфитеатaр, цветна градина, парк за миленици, пултови за социјални игри, се дел од содржини со кои ќе располага Семејниот парк Прилеп.

За забава на најмладите, комплексот ќе изобилува со детски паркови.

За љубителите на екстремните спортови, ќе има адреналински игралишта и болдеринг на приородни и вештачки карпи.

Во програмата со која ја бараме поддршката од граѓаните, особено внимание посветуваме на стратегијата со која Прилеп може да премине во посакувана дестинација за спортско-рекреативен туризам.

Вашиот глас за концептот „Најдоброто за Прилеп“ е влог во квалитетен раст и развој за младите, за почиста животна средина, за подобар живот на сите генерации“, рече Сугарески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи