ВИДЕО – Ѓорѓиоски: ВМРО-ДПМНЕ го допре политичкото дно, Николоски да се извини за изнесените клевети

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Фабриката за лаги и манипулации наречена ВМРО-ДПМНЕ, го прави она што најдобро знае: упатување на клевети кон политичките неистомисленици, нивна лична дискредитација за остварување на ситни дневно-политички поени. Изјави на денешната прес конференција кандидатот за советник од редовите на СДСМ за Прилеп, Александар Ѓорѓиоски.

„Грубите лаги и клевети кои на вчерашното гостување на Канал 5 телевизија, кон мене ги упати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го прикажуваат очајот на нивниот кандидат за градоначалник на Прилеп кој е соочен со пораз и казна од граѓаните.

Згрозен сум од бруталните и злонамерни манипулации на Николоски. Со нив, тој и  ВМРО-ДПМНЕ го допреа дното. Категорично ги отфрлам како невистини и под целосна кривична и морална одговорност тврдам дека немам никаква допирна точка со наводите кои тој ги изнесе.

Ги повикувам надлежните институции веднаш, итно, неодложно, да го расветлат целиот случај. Целосно се ставам на располагање за потребите на истрагата.

Очекувам во законски предвидениот рок од 48 часа, Николоски јавно да се извини, и тоа на истиот начин и во истата форма на која ги упати бруталните клевети. Доколку не го стори тоа, ќе поднесам соодветна тужба за заштита за мојата чест и мојот углед.

Монструзоната конструкција која на мое лично име ја упати Николоски, неизбежно потсетува на едно режимско време. На методите кои ги користеше злосторничкото здружување, предводено од унгарскиот бегалец Никола Груевски.

Она што не го разбираат Мицкоски, Николоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески, е дека тоа време заврши и дека таквото политичко делување е однапред осудено на пропаст.

Граѓаните избираат напредок, подобра иднина и концепт за најдоброто за Прилеп“, рече Ѓорѓиоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи