Две лица тешко повредени во сообраќајка на крстосницата кај с. Мажучиште

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 07.10.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, на крстосницата кај с. Мажучиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел фронтера“, управувано од Д.Р.(26) од с. Лажани, прилепско и патничко возило „ауди“, управувано од Р.Ф.(37) од с. Десово, прилепско, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „ауди“, Ѓ.Т., а со телесни повреди се здобил возачот од другото возило, Д.Р, констатирани во Градската болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи