„И коњите ги убиваат, зар не?“ во изведба на Битолскиот театар победник на 55 издание на „Војдан Чернодрински“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Оценувачката комисија на 55-от Македонски т атарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, во состав: Звездана Ангеловска – претседател и членовите Бајруш Мјаку и Александар Милосављевиќ ги доделува следните награди:

 

  1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Борче Димитријоски за рекламниот материјал од претставата „ЕДВАРД РАЦЕ НОЖИЦИ“ во изведба на НУ  Театар за деца и младинци – Скопје,
  2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Игор Киров за кореографија и сценски движења во претставата „ЕДИП КОМЕНТАРИ“ во изведба на НУЦК „АцоШопов“ – Театар Штип,
  3. НАГРАДА ЗА МУЗИКА на групата Фолтин за музиката во претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ?“ во изведба на НУ Народен театар – Битола,
  4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на РозаТрајчевска–Ристоска за костимите во претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,
  5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Ивана Кнез за сценографијата во претставата „ГЛЕМБАЕВИ“ во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
  6. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Нела Витошевиќ и ВикторијаРангелова–Петровска за драматизација на колажот од раскази на Румена Бужаровска во претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмскитеатар – Скопје,
  7. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ не се доделува
  8. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ“ на Исидор Јованоски за улогата Оливер Глембај во претставата „ГЛЕМБАЕВИ“ во изведбанаТеатар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп,
  9. НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА на Сабина Мемиши за улогата Олга вопретставата „МУРЛИН МУРЛО“ во изведба на НУ Албанскитеатар – Скопје,
  10. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Гентиана Рамадани за улогата Ина вопретставата „МУРЛИН МУРЛО“ во изведба на НУ Албанскитеатар – Скопје,
  11. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ“ на Горан Стојаноски за улогата Силвестер во претставата „КРИК ЗА ЉУБОВ“ во изведба на НУЦК „Григор Прличев“ – Народен театар – Охрид,
  12. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА улога на Јордан Симонов за улогата Филип во претставата „МОЈ ТЕРМИН“ во изведба на НУ Македонски народен театар – Скопје,
  13. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Наталија Теодосиева за неколкуте ликови во претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје,
  14. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Мартин Кочовски за претставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ?“ во изведба на НУ Народентеатар – Битола,
  15. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА напретставата „И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ? “ во изведба на НУ Народен театар – Битола,
  16. НАГРАДА ЗА СЕВКУПЕН УМЕТНИЧКИ АНГАЖМАН И РЕЗУЛТАТ НА АВТОРОТ И АКТЕРИТЕ на претставата „МОЈОТ МАЖ“ во изведба на НУ Драмски театар – Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи