Обвинение за Рашковски за незаконски набавки и перење пари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Обвинителството за организиран криминал  до Кривичниот суд во Скопје поднесе обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски поради злоупотреба на службената положба и овластување, како и на перење пари.

Обвинението со кое се опфатени уште шест лица се однесува на набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци што никогаш не бил искористен. Меѓу обвинетите е и сопственикот на фирмата Инвока Груп преку која одела набавката, Даниел Станчев, како и ангажираните во Владата кои го спроведувале тендерот. Нив обвинителството ги товари за помагање.

„Првообвинетиот… дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка во консултации со подизведувач и со учесници во постапката, во текот на постапката за јавната набавка комуникацијата не ја вршеле со користење на електронски средства преку ЕСЈН, туку лично, дефинирал технички спецификации што упатуваат на конкретен патент, со што за четирите економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 17.474.137,00 денари, образложуваат од ЈО.

Во одбрана на Рашковски остана премиерот Зоран Заев, кој неколкупати досега изјавуваше дека лично проверил оти набавката била законски направена, дека чуму Владата би купувала софтвер ако нема потреба за тоа, па и дека не ѝ верува на обвинителката Русковска во овој случај.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи