Од понеделник Англија ќе ги признава вакциналните сертификати за македонските државјани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од понеделник, 11 октомври, македонските државјани ќе можат да патуваат во Велика Британија без да мора да поминат 10 дена во карантин при влез во земјата и без да прават две тестирања во тој период.

Македонија е на листата на 47 земји кои се опфатени со ова олеснување на британската влада.

„Ако пристигнете во Англија пред тој датум, мора да ги следите правилата за луѓе што не се целосно вакцинирани. Ако пристигнете потоа, можете да користите сертификат за вакцина за да го докажете статусот за вакцинација“, стои во соопштението.

За целосно вакцинирани во Британија се сметаат лица што се вакцинирани со две дози од вакцините кои се признаени во оваа земја: „Астра Зенека“, „Фајзер“, „Модерна“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи