Симовски: Апсолутна бесмислица се тврдењата за притисоци врз лицата кои се изјаснувале како Бугари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од Државниот завод за статистика ги оценија како непримерни тврдењата на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола дека од страна на попишувачите  им се вршел притисок да не се изјаснуваат како Бугари, дека им се барале документи за доказ, дека биле навредувани кога се изјаснувале, па и дека им биле менувани изјавите за етничката определба, дотаму што се тврди и дека првиот човек на ДЗС, Апостол Симовски, приватно ги инструирал попишувачите така да се однесуваат.

„Генерално не коментираме вакви тврдења. Ова  е апсолутно невозможно да се докаже. Ги искоментиравме само изјавите од Бугарија за тоа колку од попишаните се изјасниле како Бугари, што беше апсолутна шпекулација.  Попишувачите имаа обука како да се однесуваат, особено околу ваквите чувствителни прашања, а нивните инструкции беа дека не смеат ништо да кажат, само да прашуваат. Доколку граѓанинот се изјасни етнички за нешто што не е експлицитно наведено, се внесува во празното поле. Попишувачите немаа право да влијаат, додека пак граѓаните имаа право да бараат увид во напишаното. Да имало такви притисоци, можеле да реагираат веднаш, а не отпосле. Попишувачот морал да ги попише така како што се изјасниле. Пост фестум реакции од ваков тип се нефер“, порачуваат од Државниот завод за статистика.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи