Топлификација оди во рацете на „Адора“ на Чифлиганец за 9,3 милиони евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Собранието на доверители на Топлификација ja прифати понудата на Адора инженеринг на бизнисменот Ванчо Чифлиганец на одржаната лицитација. Станува збор за претходно позната понуда од 9,3 милиони евра со ДДВ за топланите Исток и Запад кои се дел од стечајната маса на Топлификација.

Чифлиганец претходно рече дека ова е најдобра понуда што некој некогаш ја понудил за Топлификација и дека ќе ја прифати одлуката на доверителите каква и да биде.

Од Адора вчера, пред одлуката на Собранието излегоа со соопштение. Чифлиганец вели дека идејата била овој бизнис да биде во домашни раце и дека така Адора ќе биде прва компанија до сега што реално платила за овој бизнис.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи