Царовска: Да се пријави продажбата на печатени книги

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Печатени и фотокопирани учебници се продаваат на диво и во книжарници и фотокопирници, без да ги имаат авторските права за тоа, иако истите учебници во дигитална форма ги има бесплатно на платформа на Министерството за образование – објави министерката за образование Мила Царовска.

„МВР има укажувања, а и постапувања, каде што се прекршени материјалните права на авторите и на издавачите на учебници “, изјави вчера Царовска.

Бирото за развој на образованието никому му нема издадено одобрение да печати примероци од дигиталните учебници, информира министерката. Таа рече дека просветните инспектори се постојано на терен за да контролираат дали се користат фотокопирани учебници за четвртоодделенците апелирајќи да се користат дигиталните верзии.

„Секој родител што се обидува на ученикот да му наметне печатен учебник прави штета, не му прави добро, затоа што користење дигитални учебници е свесно поставено така за да добиеме и подобра дигитална писменост, но и да им посочиме на учениците дека користењето електронски уреди не се само за играње туку се и места за учење и примање знаење“, истакна  Царовска.

Царовска и денеска повтори дека случаите на незаконско комерцијално пуштање во употреба на бесплатни учебници ќе биде пријавено на надлежните институции.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи