5 713 фирми не исплатиле плата за последните два месеци на 14 829 вработени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во моментов со состојба од 4-ти октомври, обврзници кои немаат исплатено плата за месеците август и септември се 5713 фирми, информира денеска на прес-конференција, директорката на Управата за јавни приходи  (УЈП), Сања Лукаревска.

Според неа, бројката на вработени кои не добиле плата е 14829 граѓани.

„До сите овие обврзници се доставени опомени и согласно нашиот календар на активности – денеска или првиот работен ден по празникот, ќе треба да бидат доставени и блокади“, рече Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Таа посочи дека е спроведена присилна наплата кај сите компании што ја злоупотребија државната помош кои, како што рече, беа објавени јавно и транспарентно од страна на Генералниот секретаријат на Владата, бидејќи тие беа исплатувачи на средствата од финансиската помош за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи