ВИДЕО – Мицкоски: Прилеп не го заслужува тешкото секојдневие, доаѓаат подобри денови, очекуваме голема победа уште во првиот круг

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Она кое што денеска сакам да го порачам во Прилеп е дека Прилеп не го заслужува ова денешно тешко секојдневие, мачно секојдневие, ова денешно тешко политичко мочуриште кое што го живее и Прилеп и прилепчани. Истакна денеска во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Затоа сме тука да им ја пренесеме нашата порака на прилепчани дека не треба да се разочаруваат, не треба да очајуваат, најдобрите години допрва доаѓаат за Прилеп, со новиот градоначалник доктор Борче Јовчески.

Очекуваме една голема победа на доктор Борче Јовчески овдека уште во првиот круг, уште на 17-ти октомври, а потоа нормално многу работа затоа што има многу работи кои што треба да се исправат кои што изминативе четири години беа погрешни, изминативе четири години беа недостоинствени за Прилеп и  за прилепчани.

Од она кое што можев да го слушнам денеска од прилепчани, навистина тешко се живее, луѓето се незадоволни од ова секојдневие даваат поддршка, апатијата која што владее низ цела Македонија е пресликана и овде во Прилеп.

Но, затоа сме тука да упатиме порака дека иднината доаѓа, дека промените, проектите и победите се тука. И дека заедно, заедно на 17-ти октомври треба да создадеме нова заедничка просперитетна иднина која што ќе ги отвори нели можностите за сите граѓани вклучително и за Прилеп и за прилепчани“, истакна Мицксоки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи