ВИДЕО – Мицкоски: Владата не знае како да се справи со енергетската криза, се работи стихијно, без план, се кради на секој чекор


Владата не знае како да се справи со енергетската криза и покачувањето на електричната енергија која е на повидок. Сите компании кои се на слободен пазар мака мачат да обезбезбедат средства за електрична енергиja бидејќи цената на светските берзи е алармантно зголемена за 4 до 5 пати. Ова денеска во Прилеп го истакна лидеорт на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој предизборно го посети овој град и оствари средби со граѓаните. Според Мицкоски пред изборите ЕЛЕМ поделил К-15, а сега немал пари да обезбеди пристоен ископ на јаглен за производство на електрична енергија, па граѓаните морале сега преку буџетот пак да ги враќаат парите назад во компанијата.

„Наместо веднаш да се обезбеди гас за сите производни капацитети како што се ТЕ-ТО, наместо веднаш да се направи сериозен план за ископ на јаглен во РЕК Битола наместо увозен јаглен. Да се обезбеди и да се планира ТЕЦ Неготино да биде ставена во погон, бидејќи сега дури и цената на мазутот оди во прилог и таа цена на електричната енергија од Неготино би дошла поповолна од увезената, тие прават пак некои егзибиции, 400 до 500 товарни возила треба дневно да возат јаглен од Косово, ќе ги уништат патиштата, не водат сметка за тоа. И оној никаков пат за до Прилеп кој што го прекинаа од Росоман ќе го доуништат“, истакна Христијан  Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски  Заев не можел да донесе датум за преговори со ЕУ затоа за тоа требало да владее правото, да има бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, а не полициски функционери да шверцуваат дрога. Вети победа во Прилеп на локалните избори уште во првиот круг, а после 17 октомври очекувал или ново парламентарно мнозинство или предвремени избори. Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе одделела 5% од буџетот на државата за субвенции на земјоделциоте.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи