ВИДЕО – Сугарески: Три нови монтажни катни гаражи и паркинзи за сопствениците на коли за сечење на дрва, автобуси и товарни возила


Нудиме концепт за еден од најгорливите проблеми во Прилеп, а тоа е недостигот од паркинг места во централното градско подрачје. Нашата зацртана цел е преку изградба на современи булевари да ги ослободиме тротоарите и улиците од непрописно паркирани возила, да обезбедиме непречено движење на пешачите, но и доволно паркинг места за автомобилите. Истакна на денешната прес конференција Горан Сугарески, кандидат за градоначалник на Прилепод редовите на СДСМ.

„Имаме решение за проблемот со паркирање на најфрекфентните и критични точки од централнот градско подарчје. Во правец на тоа најавувам 3 нови катни монтажни гаражи во централното градско подчаје во Прилеп.

На паркингот помеѓу новата зграда на Општина Прилеп и Поштата, ќе никне првата монтажна гаража на две нивоа.

Втората монтажна гаража во центарот на Прилеп, ќе ја изградиме на паркинг просторот позади просториите на Управата за јавни приходи и поранешната градска Кафеана.

Третата гаража од монтажен тип, ќе биде изградена на просторот кај пазарот за пластика до Градската река.

Со овие катни гаражи ќе стопанисува ЈП за ПУП.

Со новиот паркинг простор обезбедуваме поефикасен и побезбеден сообраќај, излегуваме во пресрет на сопствениците на дуќани на старата чаршија и сопственици на станови од централното градско подрачје, вработени во институциите и граѓаните корисници на автомобили.

Она што дополнително сакам да кажам е дека обезбедуваме дополнителни паркинзи за сопствениците на коли за сечење на дрва, на сопствениците на автобуси и на товарни возила.

Овие два соодветно обележани паркинзи ги градиме кај железничкиот премин, на улицата „Леце Котески“ паралелно со железничката пруга. Директни корисници на овој паркинг простор ќе бидат дрвосечачите, сопственици на автобуси и товарни возила на приватните превозници од Прилеп“, вели Сугарески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи