5 литри дожд на метар квадратен падна во Прилеп, продолжува врнежливото време

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според податоците на УХМР, еве колку литри на метар квадратен има наврнато во последните 24 часа во Македонија:

Во Крива Паланка има наврнато 20 литри на метар квадратен, во Ѓуриште – 19, Куманово – 16, Маврово и Битола – 15, Скопје – Петровец – 14, Тетово – 13, Скопје – Зајчев Рид, Штип и Виница – 12, Демир Капија и Струмица – 9, Дебар – 8, Претор, Тополчани, Гевгелија, Дојран – 7, Прилеп и Берово – 5, Охрид – 2 литра на метар квадратен.

Под влијание на поголема влажна воздушна маса, утре ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни и понекаде ќе надминат 20 литри на метар квадратен за 24 часа, а на места ќе се со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Во понеделник, како што информира УХМР, ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи