ВИДЕО – Митрески: После 80 години денес ни е потребна нова револуција на умот, која ќе не поведе во нови победи и во соединување на сите нас

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На денешен 11 октомври 1941 година пукна првата пушка во Прилеп и Куманово, во ослободување од бугарскиот фашистички окупатор. Прилеп и прилепско дариле над 460 синови кои ги дариле своите животи за денешната слобода, како и 15 народни херои на кои им се поклонуваме и даваме завет дека нивните животи не биле залудни. Истакна денеска кандидатот за градоначалник за Прилеп на Интегра, Зоран Митрески.

„Со своите жртви тие не обврзаа да продолжиме со својата борба за ослободување, не само на слободата од фашизмот, туку и слободата од окупираниот ум кој и денес е хипнотизиран како и претходните 20-тина години.

Денес после 80 години потребна ни е нова револуција на умот, која ќе не поведе во нови победи, во соединување на сите нас, без обзир на партиска припадност, вера и религија.

Македонци, да ни е честит и благословен денешниов празник низ вековите кои што доаѓаат“, рече Митрески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи