Јованоски: Не можев да се воздржам, го кажав сето она што секој поштен човек сака да го каже


Денеска во Прилеп на одбележувањето на 11 Октомври се случи неочекувана ситуација во криптата на Могилата на непобедените кога активисти на Левица се обидоа да ја попречат државната делегација да положи цвеќе блокирајќи го патот.

За Инфо Компас со своја изјава за неочекуваната ситуација, еден од активистите на Левица Јованоски истакнува дека немал намера да коментира ништо, „но не можел да се воздржи, па го кажал сето она што секој поштен човек, секој поштен народ сака да го каже, али ете, се преќутува“.

„Немавме планирано да се случи никаков инцидент. Планиравме од почеток до крај да стоиме кај споменикот од почит кон загинатите борци во Народоослободителната војна. Дојде еден од тие нивните пиари, не праша уште колку време ќе седите, му реков, до кај 7 сатот…Ами имаме агенда ми рече. Исто и ние, му реков и замина. Чекаа 10 минути, пола саат чекаа, гледаа дека не се тргаме и почнаа да ги најавуваат делегациите. Дојде Пендаровски, почна да ми се крева искрен, граѓански гнев и револт и веќе ко дојде Заев, не можев да издржам и морав да го кажам сето она што секој поштен човек, секој поштен народ сака да го кажи, али ете, се преќутува. Така што, му излезе малку шокирачки на СДС, неочекувано. И мене не ми беше планирано, го чепнав и Јованоски, градоначалникот, но тој ме изигнорира. И така со попарени фаци си заминаа настрана. Изреагирав уште еднаш кога рекоа дека ќе се свири химната на Северна Македонија, не е Северна Македонија, Македонија е. Цел за инцидент немаше, туку јас кажав работи што Заев ги потврдува, дека Бугарите не биле фашисти, дека Бугарите ни биле пријатели. Епа ако Бугарите не биле фашисти и се наши пријатели, тогаш која е целта на празнувањево на 11 Октомври и која е целта тој да биди на тоа место? Буквално е осакатување и загнасување на местоно од самото негово присуство“, истакнува Јованоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи