Заев: Да бидам жив и здрав и да го дочекам моментот Албанец да биде претседател на државата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


После вчерашната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека следен чекор е претседател на државата да биде Албанец,  „ќе го чекам моментот кога сите граѓани бидат подготвени за претседател Албанец“, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање од ТВ21.

„Тој момент ќе сакам да го дочекам, да бидам жив и здрав, јас а и сите ние што ќе значи афирмација на личност, на граѓанин пред се и како граѓанин без разлика на својата етничка определба да помине кај граѓаните кои што најмалку 50% од Македонците, 50% од Албанците, 50% Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите кои што живеат во нашата земја би го гласале тој претседател“, изјави Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи