СДСМ Прилеп: Прилеп ќе добие нов театар, изграден со средства од Владата предводена од СДСМ


Писмена реакција на ОО СДСМ Прилеп на денешен прес од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Почитувани,

На 5 денови пред локалните избори, безидејното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја замајува јавноста со лажни вести и со одвлекување на вниманието на јавноста од проблемите во сопствените редови.

Во обид да го покријат најновото бегство на нивниот кандидат за градоначалник, Борче Јовчески од телевизиската дебата со останатите кандидати, како и да го одвлечат вниманието на јавноста од фијаското на нивниот синоќешен митинг, сегашната и идна опозиција повторно се расфрла со бесмислени и беспредметни кривични пријави.

Овој пат нивна „мета“ беше градоначалникот Илија Јованоски и изработката на идејно решение за новиот објект на прилепскиот театар.

Разбирливо е што во партијата на бегалецот Груевски и неговата марионета Мицкоски, не можат да се помират со големиот број реализирани проекти на градоначалникот Јованоски, чиј број е поголем од сите проекти на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ за период од 12 години.

Господа од ВМРО-ДПМНЕ,

Вчера СДСМ и Коалицијата организираа величествен, достоинствен и масовен марш во чест на Денот на народното востание, 11 Октомври, од кој граѓаните упатија јасна порака дека Горан Сугарески е идниот градоначалник на општина Прилеп!

Она кое што не сакате да го чуете и видите, покрај вашиот извесен пораз на претстојните локални избори, се зборовите на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, кој и вчера го повтори повеќе пати кажаното: дека идниот градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески, ќе има огромна и безрезервна поддршка од Владата и дека еден од проектите кој ќе биде поддржан со средства од државниот буџет, е токму новата зграда на прилепскиот театар.

Почитувани,

После настаните кои во изминатите денови се одржаа во нашиот град, дводневната манифестација за одбележување на Денот на народното востание, маршот на СДСМ и Коалицијата и неуспешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, повеќе е од јасно дека на 17 октомври СДСМ ќе извојува уште една голема победа и дека Горан Сугарески ќе биде новиот градоначалник на Прилеп“,  Центар за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи