35 % од населението вакцинирано со две дози, 38 % со една доза

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Согласно податоците од Министерство за здравство, 35 % од популацијата во државата примила две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 % од целата популација во нашата земја е вакцинирана барем со една доза.

Резултатите од нова француска студија покажуваат дека вакцинацијата против ковид-19 го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓето постари од 50 години и се чини дека е ефикасна против Делта варијантата на вирусот.

„Ова значи дека вакцинираните луѓе имаат девет пати помал ризик за хоспитализација или смрт од Ковид-19 отколку невакцинираните луѓе“, изјави за АФП епидемиологот Махмуд Зуреик, кој ја предводи научната група Епи-Фаре.

Во студијата се наведува дека од 14-тиот ден по втората доза на вакцината „забележано е намалување на ризикот од хоспитализација за повеќе од 90 проценти”.

Истражувањето е направено според податоци од 11 милиони вакцинирани лица, постари од 50 години споредбено со податоци за 11 милиони невакцинирани лица во иста возрасна група, во период од 27 декември 2020 година до 20 јули 2021 година. Ова истражување се однесува само на вакцините Фајзер/БиоНТек, Модерна и АстраЗенека.

Комитетот за имунизација препорача трета доза „Фајзер” не само за лица над 60 години и за здравствени работници, туку и за кои било други граѓани доколку се изложени на ризик од ковид-19, поради тоа што имаат чести контакти на работа или приватно, без оглед на возраста и дали имаат или немаат хронични болести.  Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека до 9 октомври трета доза примиле 782 граѓани.

Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 195.002, бројот на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а на активни случаи изнесува 6.957.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи