Годишна изложба на ДЛУП на 15 октомври во Цепенков

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 15 октомври 2021, петок од 19.30 ч. во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе  биде отворена изложба на дела од уметниците – членови на ДЛУП. Ќе бидат изложени 30 дела од над 20 уметници членови на ДЛУП. Изложбата е поддржана од Министерството за култура.

„Одржувајќи го континуитетот на неуморна ликовна креација, членовите ќе го промовираат најновото сопствено творештво. Се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата страст. Културата е нешто што треба да има континуитет  и одржување  за да може да се пренесе на идните генерации. Па затоа преку уметноста се надевам дека ќе оставиме белег кој ќе биде од општествено и културно значење“, вели уметникот Методи Исков, претседател на ДЛУП.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи