Конески: Ова повеќе не е натпревар на идеи, еден режим се замени со друг, деновиве граѓаните се под огромни притисоци и закани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Наш гостин во Инфо Регион е Дарко Конески, носител на листа од граѓанската иницијатива „Че Вреди“ со кого поразговаравме повеќе околу нивната програма која што им ја нудат на граѓаните, но и за тоа што се случува во предизборната кампања.

Според Конески во моментов имало 8 листи за советници, а помалите партии во оваа игра биле пуштени како сателити на поголемите партии, единствено само да се поделат гласовите на граѓаните и ниту една од тие помали партии да нема доволен број на гласови да се освојат советници, односно на некој начин тие на лажен начин се труделе да го апсорбираат она незадоволно членство од двете поголеми политички партии. Конески вели сето ова се правело со цел двете поголеми политички партии повторно само тие да имаат советници во Советот.

Конески потенцира дека притисоците одат до таа мера што дел од јавната администрација мора да се пишат како Албанци за да добијат решение за работа. Наши активисти се викани во партиите и му се нудени социјални станови доколку однесат список со 40 до 50 сигурни гласачи за таа партија, на други пак им се давани и по 70.000 евра само за да не работат заедно со нас во нашата граѓанска опција.

Според него оваа последна недела не е натпревар на идеи туку само поле за закани и уцени. Конески вели ништо не е сменето туку е и бетер, еден режим се заменил со друг. Се боревме за слобода, а не за ова што го имаме денес. Денес не можеш на ФБ да се изразиш слободно, а не да превземете нешто друго.

Основниот мотив за да влезе во политиката преку граѓанската иницијатива „ЧЕ ВРЕДИ“ бил токму овие неправди кои му се случувале на граѓаните. Народот воопшто не се ослободил од административните и партиските стеги.

Вели дека кога ќе станат мнозинство во Советот ќе има огромна транспарентност на општината и јавно пренесување на седниците на Совет. Вели не може еден советник да зема 16.000 денари паушал за 20 минути што ќе дојде на една седница месечно. Ќе се испитувала работата на секој советник, кој, колку и како работел.

Со Конески поразговаравме и за партиските вработувања, (не)работењето на директорите на јавните претпријатија, тендерите…

Исто така ја претстави програмата на граѓанската иницијатива како до професионална администрација и задоволни граѓани, што ќе содржи новата стратегија за ЛЕР, како до подобра бизнис клима, што со младите и  образованието, за екологијата и зошто на крајот сето тоа „ЧЕ ВРЕДИ“.

Повеќе погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи