Проданоски: Јованоски е ненадминат рекордер во трошење народни пари на име привремени вработувања

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Дејан Проданоски, носител на советничка листа за Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со реакција за денешната прес конференција на актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски.

Реакцијата на Проданоски е објавена преку Фејсбук статус и ја пренесуваме во целост:

„Почитувани сограѓани,

Градоначалникот во заминување Илија Јованоски во обидот да се одбрани од основаните критики за недомаќинското трошење на народните пари преку буџетот на општина Прилеп, свесно избегна да одговори колку потрошил на име привремени вработувања, односно колку пари исплатил за вработување на неговите партиски кадри во локалната самоуправа.

 Е на ова поле господине Јованоски сте ненадминат рекордер. Според официјалните податоци на општина Прилеп во периодот за последниот мандат на Марјан Ристески (2014-2017) се исплатени 12.333.220 денари за привремени вработувања. Додека само за периодот 2018-2020 година, додека сте градоначалник, сте исплатиле 51.856.493 денари за вработувања на вашите партиски кадри. При тоа, само во 2020 година, кога речиси цела година локалната самоуправа беше „затворена“ и се работеше во намален обем или „од дома“, сте исплатиле рекордни 22.642.961 денари за привремени вработувања на вашите партиски кадри.

И не само во локалната самоуправа. Рекордни исплати за вдомувањње на „заслужните партиски кадри“ има и преку јавните претпријатија. Во 2019 година и преку општина Прилеп и преку ЈКП сте исплатиле 65 милиони денари, а во 2020 година сте исплатиле 72 милиони денари (или над 1 милион евра). Односно над 3,5 милиони евра се исплатени за привремени вработувања на вашите партиски кадри.

А што добија граѓаните на општина Прилеп од сето ова. Едно големо ништо. Ниту навреме си ги остваруваа своите права, ниту навреме им се одговара на нивните барања.

Еве да ве прашаме: Колку дозволи за градба има издадено оваа ваша партиска администрација? Колку ДУП-ови ќе се изработеа во овие четири години со овие пари? Колку е чист Прилеп, колку се чисти автобусите од градскоит превоз? Дали се обновени парковските површини кои ги добивте во наследство од претходната власт на ВМРО ДПМНЕ?

Господине Јованоски, во овие четири години вашата задача беше само задоволување на личните и партиските интереси и ништо друго. Да беше поинаку, сега ќе се боревте за втор мандат.

Прочитан сте, господине Јованоски, и од вашата партија и од граѓаните. Вие ја изгубивте битката во вашата партија, а на 17-ти Октомври вашата партија ќе загуби и на соочувањето со народот.

Само едно сте во право господине Јованоски, пред фактите и боговите молчат. Еве ви ги фактите. Демантирајте ако сте во право.

Почитувани сограѓани,

Да не дозволиме и наредните четири години да бидат промаршени години, да не дозволиме и понатаму Прилеп да биде на маргините.

ВМРО ДПМНЕ нуди шанса за промени, шанса за да изградеме нов Прилеп, Прилеп со кој ќе се гордееме.

Затоа ве повикуваме на 17-ти Октомври да гласате за кандидатот за градоначалник Борче Јовчески и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Само тоа е гаранција за прекин со деструктивната политика на СДСМ и шанса за еден нов просперитетен Прилеп“, пишува Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи