СДСМ Прилеп: Кредибилитетот на Петар Ристески во Прилеп е помножен со нула

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Кредибилитетот на нашиот поранешен сопартиец, Петар Ристески, којшто во моментот одработува за интересите на злосторничкото здружување, наречено ВМРО-ДПМНЕ, кај граѓаните на Прилеп е помоножен со нула, реагираат од ОО СДСМ Прилеп на денешниот прес на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Изнесените брутални лаги и клевети, својствени за него и партијата која тој ја претставува, служат исклучиво за манипулација на граѓаните и добивање на ситни дневно-политички поени во изборната кампања.

Пред да излезе на телевизија да клевети и да ја лаже јавноста, пратеникот Ристески, треба да знае дека додека Горан Сугарески ја извршуваше функцијата министер за транспорт и врски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се дрзна да му поднесе интерпелација, со што и самите ја потврдија законитоста на неговото работење.

Граѓаните знаат да направат разлика помеѓу чесното и одговорно работење на СДСМ и криминалното 12 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека се движиме на правиот пат и го правиме најдоброто за сите, граѓаните ќе потврдат на денот на изборите, кога  Горан Сугарески ќе биде избран за нов градоначалник на Прилеп, а СДСМ и коалицијата ќе имаат мнозинство во Општинскиот Совет“, стои во реакцијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи