14 новозаразени и 1 починат од корона во последните 24 часа во Прилеп, уште 1 починато лице според Регистарот на умрени лица

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 459 оздравени пациенти од: Скопје – 266, Куманово – 36, Велес – 25, Прилеп и Охрид – по 18, Битола – 14, Штип – 11, Кавадарци и Радовиш – по 10, Кочани – 9, Крива Паланка – 6, Тетово, Свети Николе и Виница – по 5, Гевгелија – 4, Пробиштип и Кратово – по 3, Гостивар, Кичево и Струга – по 2, Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), 2 починати лица од Кочани (66г, 63г), по едно починато лице од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 01.09.2021 до 08.10.2021 година. Регистрирани се 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Направени се 3.567 тестови преку: ИЈЗ-337, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Авицена-183, Биотек-181, Систина-90, лабораторија Лаор-201, Синлаб-35, Ремедика-32, Плодност–23, Генеа-5, Никоб лаб-354, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-51, Ројал Медика –23, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.581.

Досега во земјата се направени вкупно 1.330.304 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи