ВИДЕО Грашеска-Илиеска: СДСМ и Коалицијата се најдоброто за општина Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На неколку денови пред денот на гласањето, учесниците во изборниот процес повлекуваат линија и ги сведуваат сметките од изборната кампања. Како носителка на кандидатската листа, со гордост можам да истакнам дека СДСМ и Коалицијата ја имаат најдобрата понуда и најдобриот кадровски состав, изјави на денешната прес конференција носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата, Моника Грашеска-Илиеска.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Од една страна е искуството, од друга младоста. Комбинација на искусни луѓе, докажани во својата област, и млади, вредни и мотивирани, спремни да го дадат најдоброто од себе, за најдоброто за сите.

Не’ има од сите возрасти, од најразлични професии. Имаме листа во која мнозинството од 27-те кандидати се жени, што со сигурност значи успех.

Меѓутоа првенствено имаме листа од луѓе кои си го сакаат својот град, си ја сакаат својата општина. Луѓе кои ги знаат приоритетите и потребите на граѓаните. Одговорни луѓе кои нема да ја изневерат вашата доверба.

Програмската понуда на СДСМ и Коалицијата ја сочинуваат издржани проекти, усогласени според  реалните состојби на општинскиот буџет, со реални рокови и реален план.

Она во што сум сигурна, е дека целиот свој капацитет, целата моја енергија ќе ја насочам кон изградба на отворен, пристапен и транспарентен Совет, во кој секогаш ќе има место за гласот на граѓаните.

Општинскиот Совет мора да биде храм на демократијата, во кој граѓаните преку избраните претставници, но и директно, преку Граѓанскиот парламент и разни други форуми, ќе учествуваат во креирањето на локалните политики.

Граѓанскиот сектор мора да биде вистинскиот коректив на власта, да има реална улога во носењето на одлуките. Демократијата за која се залагам ќе биде реалност, а не само декларативна заложба.

Како советници, со идниот градоначалник на општина Прилеп, Горан Сугарески, ќе изградиме соработка на рамноправна основа, чија првенствена цел е работа и носење одлуки во интерес на жителите на секоја урбана и месна заедница.

Со своето искуство и силна желба да го вложи сето свое знаењево развојот на градот и населените места, Сугарески е движечката сила која заедно со членовите на општинскиот Совет, ќего дадат најдоброто за нашата општина.

Заедно со градоначалникот и со граѓаните, ќе реализираме проекти за изградба на нови булевари, нови велосипедски патеки и зелени површини, нови спортско-рекреативни центри, проекти за почиста животна средина и нови можности за младите луѓе.

Концептот „Најдоброто за Прилеп“, е концепт за подобар живот на сите граѓани“, изјави Грашеска-Илиеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи