ВИДЕО – Стеваноски : АУДИО БОМБИ – доказ за изборните притисоци во Прилеп од страна на членови на СДСМ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Независниот кандидат за градоначалник за Прилеп, од граѓанската иницијатива „Че Вреди“ денеска пред јавноста објави 2 аудио бомби за кои тој вели дека се доказ за тоа како дел од членовите на СДСМ во Прилел вршат притисок врз граѓаните пред локалните избори.

„Во изминатиот период учесниците, поддржувачите и симпатизерите на граѓанската иницијатива „Че вреди“ се систематски подложни на константни суптилни и директни закани од активисти и функционери од огранокот на СДСМ Прилеп.

Дел од советниците на независната советничка листа се повикувани од страна на носителите на јавни функции во државни институции, со цел да им се врши суптилен притисок за да се откажат и обесхрабрат во намерата да учествуваат во изборниот процес. Дел од нив се посетувани по нивните домови, се потсетувани на последиците од нивните одлуки да учествуваат во еден ваков изборен процес на независна советничка листа.

Јас не можев да останам слеп и глув на ваквите недемократски партиски активности на огранокот на СДСМ во Прилеп, пред се поради тоа што со најголемиот дел од членството на СДСМ тука во Прилеп рамо до рамо заедно се боревме против таквото недемократско владеење.

Ова што денес ќе го слушнете, а се спроведува како партиска активност на општинската организација на СДСМ во Прилеп, го потврдува фактот дека режимот се уште не е искоренет, дека партијата е државата и дека партиската машинерија е единствената можност за влез во политиката. Ќе слушнете како партиските функционери од јавните установи и локалната самоуправа се ставаат во функција на партиската машинерија, како се кинат сметки за комуналии, како се нудат сезонски вработувања и најтрагично од се како се нарушува човечкото достоинство и правото на слободен избор.

Почитувани довчерашни соборци од СДСМ, ние за ова не се боревме. Ние не дозволивме своето достоинство да биде понижено од  режимот на ВМРО ДПМНЕ ниту пак смееме да си дозволиме со него да си поигруваат некои локал партиски пиуни на СДСМ на кои единствена грижа им е како да ги сочуваат удобните директорски фотелји и бенефициите од локалната власт во следните 4 години. Денес ова на најголемиот дел од Вас Ви се случува лично, утре ќе им се случува на Вашите деца. Да не дозволиме нашите деца да израснат без достоинство, без свое јас и да бидат алатка во рацете на било кој локален партиски функционер.

Апелирам и до најголемиот дел од членството на ВМРО ДПМНЕ. Да не подлегнувате под навидум меката партиска реторика на локалното раководство на огранокот, насочена кон задржување на Вашата доверба кон нив. Да не заборавите дека огранокот сеуште го водат луѓето кои од позиција на власт го применуваа истиот систем на покорност и сеење на страв кон Вас.

Убеден сум дека никој од нас не може да ја планира својата иднина и иднината на своите деца во ваков систем на вредности. Поради ваквиот систем младите ни бегаат од градот и државата. Знам дека не може да си дозволи да замине од државата секој, па е приморан да се потчини на ваквите понижувачки партиски методи. Затоа Ве повикувам сите Вас повторно да застанете рамо до рамо со мене и конечно сите заедно да ставиме крај на ваквото владеење и да покажеме дека никој не е помоќен од гласот на народот. Да се избориме за достоинствена иднина на нашите деца.

Презентираните материјали веќе се доставени до претставниците на ОДИХР а истите ќе бидат доставени и до Државната изборна комисија, Државна комисија за спречување на корупцијата и ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција на понатамошно постапување“, истакна Стеваноски.

Одговорајќи на новинарски прашања за тоа дали има и други вакви материјали и какви се други закани поседуваат Стеваноски додаде:

„Низ предизборнава кампања нашата граѓанска инцијатива повеќе од доволно покажа пред граѓаните дека сака да води позитивна кампања. Проектите кои ги нудеше се едноставни, не се слични на предизборните ветувања на останатите политички партии, ние пред се бараме и предлагаме да воведеме една нормалност настрана од ова што денес го слушнавме, департизација на општинската администрација, сериозна реорганизација на јавните претпријатија во вршење на јавните услуги, тоа ни е приоритет број еден, а потоа сите инфрструктурни објекти кои можат да го издржат буџетот на локалната самоуправа, во секој случај ќе бидат потрошени на најважните,а тоа се обезбедување на инфраструктура во населените места, водовод и канализација, обезбедување на здрава улична инфраструктура во градот, воведување на трим патеки за велосипедистите на што е можно поголем опфат и безпотребно реконструирање на улиците, ами само на пешачките патеки. Планирано е поголемо штедење, за разлика од ова расипничко трошење на буџетските пари досега, така да нашите намери се искрени, ние само ја бараме можноста да покажеме дека се може поинаку и поразлично од сето она што досега го имаме видено.

Имаме обемен доказен материјал кој ќе биде процесуиран пред надлежните. Се надевам дека ова е сосема доволно за актуелната локална власт да излезе и да им се извини прво на членовите кои ги донесоја прво на тие позиции на кои што се сега, затоа што најмалку што заслужуваат е тоа. И онака во изминатите години најголемиот дел од членството на СДСМ беше доволно игнориран и деградиран по однос на нивните елементарни човекови права кои треба да ги имаат во еден град како Прилеп.

Во изминатиов период дури и на дел од советниците кои се наоѓаат на советничката листа на Че вреди, дел од нив се повикувани по државни институции од страна на носители на јавни функции, им се упатувани суптилни закани и притисоци да ги одвратат од намерата да учествуваат во изборниот процес на независна советничка листа. На дел од нив кои работат и со свои фирми, може да се каже катаден им пристапуваат функционери од СДСМ тука од огранокот и им упатуваат суптилни закани и опомени по однос на последиците кои утре, другиден, по завршување на изборниот процес можат да ги сносат. Ние не подлегнавме, ниту еден од советниците не подлегна на такви притисоци. Навистина би сакал да слушнам од локалната самоуправа и СДСМ кои се тие средства кои сум ги инкасирал од општинската каса. Ќе ми биде мило ако после оваа денешна прес конференција претставник од огранокот на СДСМ излезе и јавно се извини за таквите методи кои се користат врз членството заради доведување до послушност, или ускратување на правото на слободен избор.

Мислам дека во изминатите години бевме сведоци на аудио снимки кои произлегоа од сегашната опозиција, а од кои можеше јавно да се види дека се врши притисок на вработените во општата болница Борка Талески, со укажување дека тие не се таму од што се способни, туку се партиски членови и затоа ова е само една нова епизода од новата локална власт, така да апелот до членството и до ВМРО и до СДСМ ми беше да не дозволуваат членовите да бидат деградирани на ваков начин. Нека си ја задржат својата идеологија, но сепак треба да ставиме еден длабок рез на злоупотребите кои партиските ограноци ги вршат на ваков начин и да поставиме луѓе кои отворено, чесно ќе ја преставуваат идеологијата на партиите во кои членуваат.

Ова беше само еден пример како на партиски член му се врши притисок да се одврати од намерата да ја поддржи граѓанската иницијатива. Во изминатиот период преку активностите на СДСМ, особено од врата до врата на луѓето им е кажувано дека граѓанската иницијатива секако треба да одработи за СДСМ, дека нивниот глас даден за нас е глас за СДСМ, па зошто би го трошеле на погрешна опција кога може директно да се гласа за СДСМ, па од тоа дека во еден период граѓанската опција дека одработува за ВМРО ДПМНЕ, така да не префрлаат како пинг понг топче во зависност од пристапот кој го добиваат од граѓаните“, додаде Стеваноски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи