ВИДЕО – Цековска: Поразителен е 4-годишниот молк на Борче Јовчески

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Покрај градоначалникот, вториот од двата органи на Општината, е Советот. Основната задача на членовите на општинскиот Совет, е да ги застапуваат интересите на граѓаните, да предлагаат решенија за нивните проблеми и да носат одлуки со кои ќе ги подобрат условите за живеење како во урбаните, така и во руралните средини, ние како советничка група од мнозинството во совет заедно во координација со  градоначалникот тоа го правевме во континуитет, изјави на денешната прес конференција Јулијана Цековска, кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Она кое што може да се констатира, е дека во изминатите 4 години ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери беа се, само не конструктивна опозиција.

Отсуство на конструктивна расправа, опструкција при носењето на важни одлуки, кавгаџиски тонови наместо суштинска дебата. Сето тоа, вклучително и предвременото напуштање на седниците на дел одсоветниците од опозицијата откако ќе го ставеа потписот за присуство, беше главната одлика на однесувањето на опозициските советници во Советот на општина Прилеп.

Еден од оние кој целосно се вклопи во сивилото и не даде ама баш никаков придонес во четиригодишното функционирање на општинскиот Совет, беше и актуелниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески.

Поразителен беше молкот на Г-динот Јовчески во изминатиот 4 годишен период и отсуството за дебата во функција на носење на квалитетни одлуки во интерес на граганите на Прилеп од страна на Советот на Општината.

Тоа јасно и недвосмислено укажува дека одлуките кои ги носеше Советот а беа од интерес на Граѓаните од Општина Прилеп  Г-динот Јовчески преку молкот ги поддржувал.

Ако се има во предвид однесувањето и пристапот кон седниците на Совет на кандидатот за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, тогаш никого не треба да го изненадува неговото бегање од телевизиските соочувања со останатите кандидати за Градоначалник на Општина Прилеп.

Едноставно, непознавањето на надлежностите на локалната самоуправа и инфериорноста во однос на останатите кандидати, се причините за бегањето на Јовчески од сите дебати на националните медиуми.

Почитувани, верувам дека изборот за градоначалник никогаш не бил полесен отколку на овие избори. Како почитуван граѓанин на нашиот град и пошироката заедница, како политичар кој успешно извршувал исклучително важни функции во извршната и законодавната власт, Горан Сугарески е единствениот логичен избор за градоначалник на Општина Прилеп.

Горан Сугарески и кандидатската листа за советници на СДСМ и Коалицијата, се најдоброто за нашата општина“, изјави Цековска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи