Додека ,,Пошта” тоне, приватните пошти заработуваат – само ДХЛ свртел 9,7 милиони евра лани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во едни подзаборавени времиња поштата беше институција. Македонски Пошти управуваше со целокупното работење и ги сервисираше сите жители и компании во Македонија. За овој субјект државата не го најде правилниот концепт за приватизација и модернизирање и покрај грандиозниот објект како централна зграда и големиот број на филијали. Додека се бара решение за овој државен загубар со кој сега раководи Јани Маркрадули, фирмата тоне во долгови. Еве како работеше ,,Пошта” лани:

  • Во 2020 во АД Пошта се регистрирани 2.010 работници
  • Пошта во 2019-та остварила приход од 19,5 милиони евра. Сепак годината ја завршила со минус на сметка од еден милион евра.
  • Во 2020 година оваа државна фирма забележала помал приход од 19 милиони евра. Сепак загубата кај профитот се зголемила, па лани АД Пошта генерирала загуба од 1,5 милион евра.

Додека ,,Пошта” тоне приватните пошти бројат добивки. Приватниот бизнис со поштата најпрво започна од карго транспорт на поголеми предмети, продолжи со интернационални нарачки, за сега да станат неизоставен дел од процесот на справувањеи функционирање со ковид кризата. Тоа што ги издвои приватните пошти е брзината во доставата на пратките, високото ниво на професионализам и адекватната дигитална поддршка. Во едно такво опкружување се разви доста голема конкуренција која ги подига стандардите за работа и води до пониски цени на услугите, а ние преку податоците на платформата за бонитетни податоци на БизнисМрежа.мк ќе ги анализираме најголемите 10 од оваа категорија.

Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк 

Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк 

  1. На прв поглед заклучокот е дека има еден лидер кој можеби би требало да се издвои како посебен предмет за анализа. ДХЛ ЕКСПРЕС има доминантно учество во пропорцијата по основ на параметрите за остварени приходи и добивка. Имено, оваа компанија во 2020 година успеала да генерира 9,7 милиони ЕУР приход, при што остварен е пораст од 14,75%. Ваквите импресивни бројки не се пресликуваат во состојбата со добивките иако и тука ДХЛ ЕКСПРЕС има најголема добивка. Како за споредба, ИН ТИМЕ МК БПС има 61 илјада ЕУР помала добивка, но таа е остварена со приходи од нешто над 580 илјади ЕУР. За големината на ДХЛ ЕКСПРЕС говори и податокот што сите останати 9 компании оствариле вкупни приходи во износ од 7,5 милиони ЕУР, што е за 2,2 милиони ЕУР помалку од приходите на ДХЛ ЕКСПРЕС.
  2. Кризата ја доведе компанијата ДЕЛ ЦО до самиот раб на опстанок. Компанијата бележи “слободен пад” на приходите, кои во 2020 година се намалиле за неверојатни 60%, но уште посимптоматичен е апсолутниот пад од 2,5 милиони ЕУР. Ваквите бројки се во корелација и со остварувањата на добивката. Компанијата која во 2019 година беше неприкосновена на врвот во оваа категорија, 2020 година ја заврши со негативен финансиски резултат. Заедно со КАРГО ЕКСПРЕС(која генерираше пад на приходи од 1,62%) се единствените со помали остварени приходи во 2020 година во споредба со 2019 година, додека според остварениот нето финансиски резултат заедно со МОВЕ ОНЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ се двете компании кои оствариле загуба во 2020 година.
  3. Најголем процентуален пораст во однос на остварени приходи бележи ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС, со одлични 171,44%. Оваа компанија се наоѓа и на второ место според остварен пораст на добивка од 487,6%, препуштајќи и го местото на ПОСТ ЕКСПРЕС МАКЕДОНИЈА која забележа неверојатни 1485,22% пораст. И покрај ваквите бројки, сепак ПОСТ ЕКСПРЕС МАКЕДОНИЈА е на 9-то место според приходи со остварена добивка од нешто над 29 илјади ЕУР.
  4. Сублимираните податоци за топ 10 компании укажуваат на тоа дека задржан е трендот на приходи во последните 2 години и пазарот во континуитет “тежи” нешто над 17 милиони ЕУР. Од друга страна вкупната добивка бележи голем пад, пред се поради спомнатата ситуација со ДЕЛ ЦО.

Од аспект на бројот на вработени во оваа дејност забележителен е порастот на вкупните бројки. Имено во 2020 година биле вработени 24 луѓе повеќе во споредба со 2019 година.

Во оваа категорија најголем пораст забележал ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС со 42.86% и 30 нови вработени, а сепак најголем работодавач останува ДЕЛ ЦО со 269 ставки во платниот список. ДЕЛ ЦО заедно со НОВА ПОШТА се единствените кои крателе на трошоци за вработени, при што НОВА ПОШТА тоа го реализирала со пад на вработени од 14,29%.

Иднината на оваа индустрија е светла и иако на момент може да бидат нарушени начините на комуникација, сепак неопходноста од поштата може само да се адаптира на новите предизвици, а никако и да згасне.

Извор: Редакција Пари

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи