Избран претседател на Ученичкиот парламент при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 12.10.2021 во просториите на гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп се одржа конститутивна седница на Ученичкиот парламент. Единствена точка на Дневниот ред на седницата беше избор на претседател на Училишниот парламент.

На седницата присуствуваа директорот на гимназијата Димче Настоски, тимот на ресурсниот пакет – проф. Емона Јованоска и педагогот Светлана Барлакоска, поранешниот претседател на УП, Марио Велковски, како и претседателите на сите паралелки од гимназијата т.е. членовите на УП.

Трката за претседател на парламентот се водеше помеѓу двајца кандидати:

Лина Тунеска од III3 клас, и Ненад Кулески од III6 клас.

Според правилата за избор на претседател на Ученички парламент, изборот се одвиваше по пат на тајно гласање, на кое право на глас имаа сите претседатели на класните заедници од гимназијата. Гласањето го следеше тричлена комисија составена од членови на УП и избрана од истите.

По обраќањето на пријавените кандидати и претставувањето на план програмите, се спроведе гласањето. По пребројувањето на гласовите, Комисијата којашто го надгледуваше гласањето, утврди дека мнозинството од гласовите му припадна на ученикот Ненад Кулески, ученик во III година во Гимназијата.

Со тоа ученикот Ненад Кулески  беше назначен за претседател на Ученичкиот парламент за учебната 2021/2022год., а Лина Тунеска беше назначена за заменик – претседател, за учебната 2021/2022год.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи