Проданоски: Со чесни луѓе за подобар Прилеп!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Гостин во ова издание на Инфо Регион е Дејан Проданоски, носител на листа на советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Со него поразговаравме околу тоа зошто во последните неколку денови се заострува водењето на кампањата и наместо натпревар на идеи и проекти таа прераснува во оцрнување на противниците каде повеќе не се избираат средства.

Зошто тој мисли дека после пауза од 4 години народот повторно ќе му ја даде својата доверба и глас на ВМРО-ДПМНЕ. Што е тоа што се случуваше во локалната самоуправа последниве 4 години и кое ќе биде првото нешто што тие како партија ќе го променат доколку победат на локалните избори. Според него неспоредливо било функционирањето на општината за време на ВМРО-ДПМНЕ и сега.

Проданоски ветува промена во фунцинирањето на Советот, односно излегување на советниците на терен и поголема комуникација со граѓаните за нивните проблеми, како и отворени седници кои јавно ќе се пренесуваат. Факт е дека денес граѓаните воопшто не ни знаат кои се советници во Општина Прилеп, ниту пак имале контакт со некој од нив.

Вели дека ќе се стопираат партиските вработувања кои се случувата со децении, а за кои само во последниве 4 години биле потрошени 800.000 евра народни пари.

Програмата која била претставена пред граѓаните, произлегла од самите граѓани односно од проблемите кои тие им ги предучувале во теренсакат активност која тие како партија ја спроведувале подолг период наназад. Вели дека програмата е правена да биде компатибилна со средствата со кои располага општината во идните 4 години, а дококолку дојделе на власт ќе се формирал специјален оддел во локалната самоуправа чија што задача ќе биде аплицирање на проекти до ЕУ фондовите.

Вели дека бројот 7 заслужува да биде заокружен затоа што нивната понуда била чесни луѓе, со искрени намери за подобар Прилеп, без претходен багаж или било каква компромитација.

Повеќе и околу нивната програма погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи