Студено време денеска: Снегот годинава ќе пристигне во октомври

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 4 °C до 4 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Поради спуштање на студена воздушна маса од север во текот на денот времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи